Музејска поставка за соживотот меѓу Македонците и Ромите

Заедничкиот живот на Ромите и Македонците во Крива Паланка ќе биде првата постојана историска поставка во Градскиот музеј во оваа општина. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка и од Министерството за култура, а во неговата реализација ќе помогне и Фондацијата „Мери Елен Хеилбрун“ од САД.

– Историските документи и предмети ќе го прикажат заедничкиот живот на Ромите и Македонците уште од основањето на Крива Паланка. Постојаната историска поставка ќе биде сместена на долниот кат од некогашниот Дом на АРМ, каде што ќе биде извршена реконструкција. На горниот кат, пак, ќе биде изложена и првата фотодокументирана поставка на овие две етнички групи – истакнуваат од Градскиот музеј.


На промовирањето на новиот проект деновиве присуствуваше и норвешкиот амбасадор во Македонија, Кјетил Паулсен, кој истакна дека тие поддржуваат повеќе проекти во Крива Паланка.

 

Извор: Дневник