Меѓународен турнир во пинг понг

Од 15-17 октомври во Крива Паланка се одржува Меѓународниот турнир во пинг понг, кој традиционално се организира во рамките  на Денот на ослободувањето на градот 8-ми Октомври, а го организира ППК Крива Паланка од Крива Паланка.

Оваа година, турнирот се организира по 7 пат и е најмасовен и најквалитетен турнир во пинг понг во регионот, кој веќе стана препознатлив бренд  за градот и државата и за кој постои голем интерес кај пингпонгарските организации од земјава и од странство. На годинешниот турнир учествуаат околу 120 пингпонгари од пингпонгарските екипи од Албанија, Србија, Косово, Бугарија и Македонија.

Натпреварите се одржуваат во салата на ОУИлинден, а учесниците се натпреваруваат во три категории: до 13, до 15 и до 18 години, во машка и женска конкуренција поединечно. Најуспешните пингопгари ќе бидат прогласени на завршницата на турнирот, во недела, на 17 октомври.

Турнирот е подржан  од Општина Крива Паланка, која во рамките на својата програма посветува особено внимание на спортот и ги подржува младите таленти, кои ја афирмираат нашата општина и даваат придонес за развојот на спортот во градот.

Големина на фонт
Контраст