Крива Паланка со нов европски партнер

Преку европската програма за збратимување Општина Крива Паланка оствари контакт со сега веќе збратимениот град Млава од Полска. Освен желбата за збратимување двајцата градоначалници ја препознаа можноста за идна соработка на проекти финансирани од Европската Унија.


Млава, Полска

Подоброто запознавање на луѓето и бизнисите ќе биде од голема важност во иднина, имајќи предвид дека градот Млава препозна солиден партнер во Општина Крива Паланка. За таа цел ќе биде интензивирана соработката на општествен, културен и економски план меѓу двата збратимени града.

Големина на фонт
Контраст