Во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Среќна Баба Марта“

ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка во соработка со Општина Крива Паланка и Haemus-(Центар за научни истражувања и промоција на културата)-Скопје, на ден 04.03 2017 г.(сабота) со почеток во 12 часот во просториите и дворот на ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка  се одржа сплет на настани кои во целост  ја доловија старата традиција за Баба Марта.

Манифестацијата  започна  со отварање на традиционална меѓународна изложба на мартинки од подрачјата на Македонија, Бугарија и Романија, а се одржа и  предавање за значењето на мартинките и нивната традиција во Македонија од  проф. д-р Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје. Настанот беше збогатен со  работилница за деца -правење на традиционални мартинки и базар на рачни ракотворби од североисточниот регион.

String could not be parsed as XML