Во Крива Паланка се одржа втората ревијална вечер на „Гоце Фест 2017“

По петти пат, Крива Паланка беше домаќин на една фестивалска вечер од „Гоце Фест 2017“. Кривопаланчани имаа можност да уживаат во рефрените на новокомпонираните патриотски и родољубиви песни изведени од бројни еминентни музички имиња  Круме Сапсовски, Блага Петреска, Балгица Хаџи – Павловска, Јулија, Ванчо Тарабунов, Серафина Фантаузо, Виданка Ѓоргиевска, Васил Ќамов, Перо Цаца, Група „Соната“, Ристо Краповски, Гоце Касаповски, Ани Малинкова, Игор Митковски, Анита Бошкова, Мишко Талески и Гоце Касаповски
Традиционално и годинава сцената на НУ Центар за култура во Крива Паланка беше место каде публиката уживаше во рефрените на новокомпонираните родољубиви и патриотски песни во рамки на втората фестивалска вечер на „Гоце Фест 2017.“
Манифестацијата во чест на датумот на раѓање на големиот револуционер, хуманист и просветител Делчев, годинава го има своето 28-мо издание. Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора „Гоце Делчев“, а  покровител на втората фестивалска – ревијална вечер е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Финалната фестивалска програма ќе се одржи на 17 февруари во Скопје.

String could not be parsed as XML