Завршни градежни активности околу изградба на локалниот пат Варовиште -Манастир Свети Јоаким Осоговски

Општина Крива Паланка ги реализира завршните градежни активности  околу изградба на локалниот пат Варовиште -Манастир Свети Јоаким Осоговски кој е во должина од 2 км 163  метри.

Патот е со ширина од 4 метри ,а на еден дел е изработена асфална ригола со ширина од 75 см. На дел од патот одводнувањето е решено со поставување на дренажани цевки. Заради подобро функционирање на патот  коловозот на некои места е проширен за 2 метри. Останува  да се заврши поставување на заштитна челична ограда и мрежа за заштита  од одрони.

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека патот не е отворен за сообраќај и дека е забрането движењето по него за сите видови сообраќај.

Изведувача на градежните работи е градежната фирма  „Цвет“ од Скопје.

^0E656732E81EFBC4E242614FAED2919AC318F5A7CD86E6B18A^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^586C830E781C2545105782FD865E090432FC325D186AB2155E^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^5062CC353FE07D008519FD734AC1EC0BE880FD7203DB38C58F^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^124290189A79A796CB1D4D1AF2D16F4A756B2AD9D79A6AB96B^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^DB535E577F34560B7E6E7760A6B094A8C26A00185455A18EF1^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^EFBC51C4FA6EDA09210F1C306EAA89E2A5CDD60B6CA45AF9A4^pimgpsh_fullsize_distr (Medium)