Се асфалтира улица во село Жидилово

Во завршна фаза е изградбата на улица во село Жидилово која се гради со финансиски средства од АФПЗРР. Улицата е со должина од 1 километар и го опфаќа најнаселениот дел во село Жидилово. Улицата ќе има два слоја на асфалт, од кои првиот со дебелина од 7 сантиметри, а вториот 5 сантиметри и ширина на  коловоз од 3,5 метри и соодветни проширувања за разминување на возила. Проектот предвидува и  банкини од двете страни со ширина од 0,5 метри. 

Во моментот се асфалтира првиот слој на асфалтот и половина од трасата е веќе асфалтирана.

Градоначалникот Алексовски денеска беше во посета на градилиштето и беше запознаен со текот на работите на оваа улица. Притоа беше констатирано дека ова село ќе добие навистина квалитетна улица со дебелина на асфалтен слој од 12 сантиметри.

[embpicasa id=”6309022469836275233″]

Големина на фонт
Контраст