Посета на збратимениот град Свидник – Р.Словачка

Делегација од Општина Крива Паланка, во периодот од 30 јуни до 03  јули 2016 година, предводена од Градоначалникот Алексовски го посети збратимениот град Свидник во Република Словачка.

Посетата беше остварена по повод празнувањето на „Деновите на Свидник“ кои се одржуваат секоја година во овој период.

Крива Паланка и Свидник се збратимени градови од 2014 година, по потпишување на Меморандумот за соработка и оттогаш се негува доброто пријателство и се зајакнува меѓусебната помош и соработка.

Покрај делегацијата од Македонија на прославата присуствуваа и Градоначалници од збратимени градови на Свидник од Чешка и Украина.

На официјалната церамонија свое обраќање имаа присутните Градоначалници, а воедно се потпишаа во книгата на пријателството. Градоначалникот Алексовски во своето обраќање ја изрази својата благодарност за поканата по повод празникот „Денови на Свидник“, им го честита празникот на градот и ги потврди заложбите за зајакнување и проширување на соработката.

На сцената поставена на плоштадот во Свидник, нашата фолклорна група „Фолклористи“ имаше прекрасен настап и достојно ја претстави Крива Паланка и Македонија кој настап беше проследен со голем аплауз од бројната публика. Во оваа прилика Градоначалникот на својот словачки колега му подари пригодни подароци и тоа гравура со мотив Александар Македонски како и прекрасна носија од Кривопаланечко.

Во рамки на посетата беа одржани неколку состаноци со различни институции на кои беа разгледани можностите за соработка меѓу Крива Паланка и Свидник.

Воедно беа посетени неколку туристички локалитети во Република Словачка и презентирна нивната култура и историја.

Пред заминување Градоначалникот Алексовски се заблагодари за гостопримвството и ги покани словачките пријатели за празниците кои ги прославува општина Крива Паланка.

[embpicasa id=”6303430021771737185″]

Големина на фонт
Контраст