Реконструкција и тековно одржување на јавното осветлување во градот

Општина Крива Паланка, согласно Програмата за изградба, реконструкција и тековно оддржување на јавното осветлување во градот за 2016 година во текот на месец февруари заврши дел од тековно планираните активности. Притоа беа поставени електрични столбови и светилки на клучните места во населба Лозаново, со што обезбеди комплетно покривање на населбата со услугата јавно осветлување. Исто така, беше извршена и доизградба на јавно осветлување во населба Мечковци и дел во населба Цонев Рид.
Со поставувањето на електрични столбови и нови светилки на новиот крак на улица Наско Тамбурков се заокружи и делот од Програмата за јавно осветлување со кој се предвидува обезбедување на квалитетно јавно осветлување и на овие делови од градот кои досега беа без инсталиран систем за јавно осветлување.

[embpicasa id=”6249934485618096689″]

Големина на фонт
Контраст