Градоначалникот Алексовски ги потпиша договорите за изградба на т.н Руски пат до манастирот и пат во село Жидилово

Денес градоначалникот на Крива Паланка , Арсенчо Алексовски, и претставник на „Цвет компани“ ДООЕЛ од Скопје ги потпишаа договорите за изградба на два значајни патни правци во општината со вредност од над 35 милиони денари.
-На мое огромно задоволство денес се потпишани договорите за градба на две многу значајни делници во општината, првата, т.н. Руски пат кој води до манастирот Свети Јоаким Осоговски, во должина од безмалку 2 километри и вториот е 1 километар пат во најнаселенито дел од село Жидилово. Двата патни правци се со вредност од околу 17,6 милиони денари и ќе се финансираат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделстовото и руралниот развој, за што упатувам голем а благодарност до Владата на РМ која наиде на разбирање за приоритетноста на проектите- изјави Алексовски.
Алексовски нагласи дека со градба на патот од село Варовиште до манастирот ќе се овозможи уште еден пристап до духовното светилиште со кое Крива Паланка е препознатлива.
-Со овој пат ќе се оформат два пристапи до манастирот, а неопходно е да се гради нов поради појавата на големи свлечишта и одрони на постојниот асфалтен пат. Ова е ново решение, а ние како жители на гардот кој е надалеку познат по манастирот имаме обврска, но и должност и чест да ги унапредуваме условите за посета на манастирот. Што се однесува до патот во Жидилово, истиот е долгогодишно барање на жителите од овој дел, а беше и мое предизборно ветување кое еве, го исполнувам за добробит на граѓаните-додаде Алексовски.
Градежните работи се очекува да отпочнат со подобрување на временските услови, а Алексовски потенцира дека двата проекти би требало да бидат реализирани до крајот на 2016.

1 (Medium) 3 (Medium)

Големина на фонт
Контраст