Санација на оштетени асфалтни површини во општина Крива Паланка

Во рамки на програмата за тековно одржување на локални патишта и улици Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот и денешниот ден изврши санација на оштетени асфалтни површини на улица Лозановска и улица Македонска каде вкупно беа вградени околу 800 метри квадратни нов асфалт. Исто така беа извршени и градежни активности на дотраената калдрмисана улица која е дел од улицата Јане Јакимовски и се очекува да бидат вградени нови 550 метри квадратни асфалт.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма Лабино-Трејд од Гостивар.

Градежните активности ќе продолжат и во наредниот период според предвидената динамика и согласно временските услови.