Се одржа информативен ден за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег – ИПА Бугарија – Македонија

Вчера во просториите на Општина Крива Паланка се одржа информативен ден за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег – ИПА Бугарија – Македонија.
Експерти од Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ги претставија барањата за апликација по Повикот за проектни предлози, структурата на предлог проектот и пополнување на формуларот за апликација како и развивањето на буџетот на проектот и подобноста на трошоците.
На присутните им се обрати и градоначалникот Алексовски кој го истакна значењето на прекуграничната соработка за унапредување на квалитетот на живеење на населението како и за целокупниот развој на регионот.

12190094_891430187592676_8721700938918297657_n

12049611_891430574259304_7340504198262317370_n 12187901_891430707592624_7212839776441571311_n 12193547_891430367592658_8056483775306298617_n