Успешно реализирана Еколошката акција „Македонија без отпад 2015“

Општина Крива Паланка преку ангажирање на вработените во Локалната самоуправа, вработените во ЈП „Комуналец“, вработените во ДЗС – Крива Паланка, потоа со вклучување на еколошките секции и еко одбори на основните училишта „Јоаким Крчовски и „Илинден“ и средното училиште „Ѓорче Петров“ успешно ја реализираа еколошката акција „Македонија без отапад“.

Во оваа акција зедоа учество над 250 учесника, кои чистеа на 13 локации од кои е собрано над 100 м3 на разновиден комунален отпад. Акцијата покрај ударниот термин на 3 октомври 2015 година,  од страна на ЈП „Комуналец“ – Секторот отпад беше спроведена и неколку дена порано со чистење и собирање на отпадот околу контејнерите и другите садови за отпад во приградските населби.

Се очекува од граѓаните отпадот кој го создаваат во своите домаќинства да го фрлаат на определените места, во садовите за отпад.

SAMSUNG CAMERA PICTURES L SAMSUNG CAMERA PICTURES