Постапување со електронски отпад

Денеска во Општината Крива Паланка се оствари заедничка средба на претставници на Општината од областа на заштита на животната средина, претставници на основните училишта и јавното комунално претпријатие  со претставници на  ЗГ „Центар за климатски промени“ со цел разгледување на  можности за соработка за реализација на проектот „Електричниот отпад создава можности“  финансиран од страна на Амбасадата на САД во Скопје.

Целта на средбата е како што истакна  координаторот на еколошките активности Бранко Велиновски е разгледување и создавање на можности за подобро спроведување на новите законски обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема  кои стапија во сила  од 01 јануари 2015 година, со можно вклучување на Општината во имплементацијата на наведениот проект, особено сега кога Општината има неопходна потреба од намалување на отпадот кој треба да завршува на времената локација за депонирање на отпад.

Од страна на проектниот координатор  Бојана Станојевска Пецуровска  беа истакнати условите и можностите за вклучување во проектот како и тоа дека целта на самиот проект е да се подигне  свеста на населението  со фокус  на децата  од основните училишта во државата за негативните влијанија на електричниот и електронскиот отпад  врз животната средина и здравјето на луѓето како и да се истакне потребата од селектирање на отпадот.

Проектот ќе се спроведува во период од една година по потпишување на Меморандум за соработка и доставување на соодветната апликација.

Во рамки на Овој проект  планирано е да се изработат промотивни материјали, да се спроведат повеќе едукативни  работилници, да се обезбедат и постават соодветни контејнери за одделно собирање на електричен отпад  во училиштата  и  во самото градско подрачје.

otpad