Градежни активности на локален пат во с.Конопница

Општина Крива Паланка, во рамки на проектот  кој е финансиран од  Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, започна со градежни активности околу изградба на локалниот пат во с.Конопница во должина од 330 метри до место викано „Спас“ .

Изведувач на градежните работи е градежната фирма  АД Бетон  од Скопје, а надзор e ГИМ од Скопје.

Висина на средства е 38.000 евра.