Одбележан денот на крводарителите, 17 март

Во чест на денот на крводаротелите 17 март, Градоначалникот на Општина Крива Паланка ,г-дин Арсенчо Алексовски  организираше прием за крводарителите. Тој им се  заблагодари за хуманоста и им додели значки и благодарници за јубилејно  50 -то,25-то,10-то и 5-то дарување на крв. На приемот присатвуваа шеесетина дарители.

Општинската организација на Црвен крст редовно организира успешни крводарителски акции во сите средини. Над дваесет години наназад со успех ги испонува годишните планови и се наоѓа меѓу првите пет организации  во држават.

Големина на фонт
Контраст