Крива Паланка ја одбележа 70-годишнината од ослободувањето

Денот на ослободувањето на Крива Паланка, кој оваа година се празнува по 70-пат, беше одбележан со повеќе свечености на кои присуствуваа голем број гости од општината како и претставници на институциите и организациите со кои Општината остварува успешна соработка.

[embpicasa id=”6068085784530315825″]

На свечената седница која се одржа по тој повод се обрати градоначалникот г.Арсенчо Алексовски.

На седницата беше доделена  осмооктомвриската награда за  2013 година, која Општината ја  доделува за особени постигнувања и резултати на поединци и институции.

Овва година наградата ја доби Заедничкиот технички секретаријат од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Буагарија – за успешна соработка со Општина Крива Паланка.  Во своето обраќање пред присутните г.Николај Дочев, претставник на Зедничкиот технички секретаријат ја искажа својата благодарност за добиената награда, а го истакна и придонесот на Општината во успешното имплементирање на ИПА програмата нагласувајќи притоа дека Крива Паланка е лидер со имплементирани 15 проекти од вкупно 100 колку се реализирани со оваа програма. Седум проекти се имплементирани од Општината, со вкупен буџет од 1.350.000 евра, а останатите се на училиштата и невладините организации.

Општинска делегација положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ, а по повод општинскиот празник свечено беа пуштени во употреба три локални патни правци и тоа  с.Конопница – с.Мождивњак, с.Конопница – место викано Крст и Крива Паланка – с.Мартиница преку населба Скрљава.

Големина на фонт
Контраст