Во Крива Паланка бизис форум на тема „Искористување на инструментите за подобар економски перформанс и зголемување на локалниот економски раст“

Во организација на фондацијата „Со срце за Крива Паланка” денес во големата општинска сала во Крива Паланка се одржа бизнис-форум на тема „Искористување на сите инструменти до подобар економски перформанс и зголемување на локалниот економски раст”.

На форумот беа поканети претставици од локалната бизнис заедница, претставници на јавни институции, спортски и граѓански здруженија,  и други граѓани, кои имаа  можат да добијат дректни информации во врска со даночната политина на Владата на РС Макединија, за олеснувањата во овој сегмент,  за можностите за кредитирање, активните мерки за вработување, субвенционирање на плати  за нововработените и проектите што може да ги аплицираат работодавачите и компаниите.

На  тема „Фактори за раст и улогата на државата“ говорше  Јован Зафироски, професор на праниот факултет, а за активните мерки  и субвенции за вработување свое излагање имаше Биљана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување на РС Македонија. За улогата на  општественото  корпоративно однесување и даночните ослободувања и олеснувања по тој основ, презентираа Мухедин Авдиќ  и Ивана Дончевска од Управа за јавни приходи.

За можностите за пристап  до  мерките од ИПАРД програмата, за растот и развојот на малиот и среден бизнис, како и за Европските програми управувани директно од Европската комисија и ЕС во 2020 година и за периодот 2021 – 2027 година- Програма Хоризонт 2020, која е со најголема поддршка за развој на бизнисот и општините и Програмата ERASMUS+, говореше експертот Веселин Халачев, претседател на ОБК и член на Бордот на директори на Европската алијанса на мали и средни бизниси во Брисел.

Воведно обраќање на настанот имаше градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, потоа Валентина  Тасева, надзорен орган на Фондацијата и директор на  „Семос  Едукација“   и  Ирена  Белешковска, извршен директор на фондацијата „Со срце за Крива Паланка”.