Општина Крива Паланка започна со реализација на три проекти во делот на патната инфраструктура

Општина Крива Паланка започна со реализација на три проекти во делот на патната инфраструктура и тоа:

  1. Изградба на локален пат с. Голема Црцорија-делница од асфалт маала Рупје до маала Баратлици и крак до школо во должина од околу 3 км,
  2. Изградба на локален пат во с. Трново во должина од околу околу 0,5 км, и
  3.  Изградба на локален пат во с. Конопница од м.в.Кула (Лиска) до м.в. Стублица кон спој со А2 во должина од околу 1,5 км.

Средствата кои  според потпишаните договори со изведувачите изнесуваат  околу 30,5 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и руралниот развој од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој, како и од Буџетот на општина Крива Паланка.

Рокот за изградба според договорите е  една година, но се очекува истите и порано да бидат завршени.

Големина на фонт
Контраст