Започнаа активностите за родово одговорно буџетирање во Општина Крива Паланка

Во општина Крива Паланка, денес  се оддржа  работлница  за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост. Оваа активност се одвива во рамки на регионалниот проект за промоција на родово одговорно буџетирање и во соработка и координација со  канцеларијата на UN Women од Скопје, застапувана од менторката за родово одговорно буџетирање, Кристина Хаџи Василева и координаторката за еднакви можности на жените и мажите од Општината, Лидија Митовска.

Проектот има за цел зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на Советот на oпштина Крива Паланка за креирање родово одговорно буџетирање и унапредување на родовата еднаквост.

Тема на денешната работилница беше родовата еднаковост и родовата интеграција и носењето на одговорни политики, на која се дискутираше за родовиот  идентитет,  родовите  улоги, за родова социјализација, родови стереотипи, родова рамноправност, како и за принципот на недискриминација, кој е камен темелник за промоција на родовата рамноправност.

-Родово одговорното буџетирање претставува процес  низ кој треба да создадеме еднакво општество, во кое ги распределуваме финансиските средства на поправеден начин, тоа е алатка што треба да се спроведе во практиката и да стане реалност во нашите локални заедници и во државата. Следејќи ги овие практики, Општина Крива Паланка го започна овој процес минатата година и заедно со Советот продолжуваме постапно да работиме на импплементирање на насоките за воведување на родовата перспектива во локалните програми, нивното спроведување преку примена на родово одговорно буџетирање со цел, напредување во состојбата на жените и мажите на локално ниво и носење на реално издржани програми во функција на задоволување на потребите на сите граѓани, изјави градоначалникот Мицевски на работилницата.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст