Градоначалници од пет држави го потпишаа „Манифестот за мир“

Делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Мицевски, е во посета на збратимената општина Млава во Полска. Посетата е на покана на градоначалникот Славомир Ковалевски, а по повод одбележувањето на годишнината од битката кај Млава.

Градоначалникот Мицевски оствари средба со градоначалникот Ковалевски на која беа разменети мислења за досегашната соработка и планови за унапредување на истата.  

Градот организира низа настани поврзани со овој значаен датум од нивната  историја, а делегацијата од Крива Паланка имаше можност да присуствува на изложбата насловена како „Оттргнати од слободата и саканата“.

Во рамки на посетата градоначалниците на општините  Млава од Полска, Расеијнај од Литванија, Крива Паланка од РС Македонија, Виернхајм од Германија и Москуфо од Италија потпишаа „Манифест за мир“ со кој се обврзуваат да ги превземат сите неопходни активности за зачувување на мирот на локално и меѓународно ниво.

МАНИФЕСТ ЗА МИР