Градоначалникот Мицевски присуствуваше на меѓународен бизнис форум и меѓународна конференција „Ten-Ten“ во Хјустон, САД

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски во периодот од  од 17-19 јули, присуствуваше на меѓународниот бизнис форум во САД, а на покана од градоначалникот на Хјустон, г-дин Силвестер Тарнер.

На овој неколкудневен меѓународен форум учествуваа околу 400 градоначалници и преставници на општини од целиот свет,  како и преставници од  „Белата куќа“ и други американски државни институции и организации, кои воедно се и членови  на асоцијацијата на збратимени општини „Sister Cities International“. 

Градоначалникот Мицевски, во рамките на меѓународниот форум,  имаше и официјална средба со градоначалникот на Хјустон на која, директно предложи иницијатива за збратимување на општина Крива Паланка со градот Хјустон, како и предлог за активно членство во меѓународната асоцијација „Sister Cities International“, преку која општина Крива Паланка добива можност за директни и навремени информации за различни случувања и  можности од сферата на бизнисот и разни други општествени теми.

Во агендтата на овој меѓународен форум, градоначалникот Мицевски имаше можност да присиствува и на бизнис форум помеѓу компаниии од оската Кина и Америка, кои имаат посебна деловна соработка, како и други бизнис компании од оската на Блискиот исток и Европа.  Една од целите на овој формум е отварање на реални можности за воспоставување на контакти и конкретна соработка на одредени институции и компании од Кина, Индија, Пакистан, Јапонија,Тајван со останатиот дел од Европа и светот.

Градоначалникот Мицевски присувствуваше и на официјалната вечера организирана во рамките на овој меѓународен форум, на која како почесен гостин беше и поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.

Во рамките на форумот се реализраше и меѓународната конференција „Ten-Ten“ (10-10), на која што десет партнери на интернационално ниво раговараа на тема „Борба против меѓународната трговија со луѓе и заштита на детските права и злоупотреба на детскиот труд“, на која што учествуваше и градоначалникот Мицевски.

Како единствени земји претставнички од европскиот континент, на оваа конференција свое учество со посебно излагање од страна на релевантни преставници, имаа само Македонија, Латвија и Италија.

На крајот од својот престој во градот  Хјустон, градоначлникот Мицевски реализираше и средба со дел од претставниците на македонската дијаспора во САД, а кои воедно постигнале и значајни успеси во општеството.

Посебна благодарност градоначалникот Мицевски упати до Оливера Јанковска Бајај, работно ангажирана во УНИЦЕФ како посебен преставник за САД, за сето она што таа го прави за промоција на РС Македонија и општина Крива Паланка, како и за нејзините контакти преку УНУЦЕФ  и други слични организации на меѓународно ниво, кои за општината можат да бидат голема придобивка.