Активности за чистење на Домачки дол

Согласно Програмата за јавна чистота за 2019 година усвоена од страна на Советот на општина Крива Паланка се спроведува чистење на горниот дел од изградената регулација на Домачки дол.

Чистењето на Домачки дол го спроведува Јавното претпријатие  „Комуналец“, кое со своја механизација врши чистење и порамнување на дното и отстранување на несоодветниот материјал од регулацијата на долот кој беше обраснат со вегетација,  местимично пополнет со градежен и друг вид на  отпад и со поткопани темели на регулацијата.

 

Големина на фонт
Контраст