Градоначалникот Мицевски ги врачи договорите за грантирање на граѓански организации за 2019 година

Градоначалникот на општина Крива Паланка денес ги додели  Договорите на 20 грантисти- граѓански организации од Крива Паланка.

Вкупно 20 здруженија на граѓани од општина Крива Паланка ги исполнија во потполност критериумите кои беа предвидени со Јавниот повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2019 година и тие ќе бидат корисници на буџетските средства и ќе ги финансираат предвидените проектни активности на територијата на општина Крива Паланка.

Корисници на грантови за 2019 година се следните здруженија на граѓани: Црвен Крст на РС Македонија-Општинска организација Крива Паланка, КУЗ ,,Фолклористи“, Здружение спортско рекреативен и риболовен клуб- ЗСРРК ,,Мрена“, Здружение на граѓани Кошаркарски клуб Крива Паланка, Здружение на жени земјоделки, сточарки и домаќинки- ,,Агропаланчанка“, ВАДО РЈУ Карате клуб ,,Шампион“, КБК ,,Патриот спорт“, Здружение планинарски спортски клуб ПСК ,,Руен“ -Крива Паланка, КУЗ ,,Распеани паланчани“, Здружение за спасување и помош Служба за спасување ,,Спасител“, Шаховски клуб Крива Паланка, Здружение центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК-Крива Паланка, Регионално здружание за развој на планинарење, алтернативен туризам и настани од инспирирани културата  РЗР ,,Патник“- Крива Паланка, Културно уметничко здружение ,,Карпош“,Фудбалски клуб Осогово- Крива Паланка, ЗГ Извиднички одред- Наум Наумовски Борче од Крива Паланка, Здружение пинг-понгарски клуб Крива Паланка, Здружение на пчелари ,,Пчела“ – Крива Паланка, Пинг-понгарски клуб – Крива Паланка 2007 и Здружение – Центар за аудио визуелни уметности.

Временската рамка за спроведување на  проектите е крајот на календарската година, а корисниците на средства имаат обврска на транспарентен начин, по реализација на проектните активности, да достават наративен и финансиски извештај за оправдување на искористените финансии, што пак, ќе биде основен предуслов за повторно аплицирање следната година.