„Не биди ѓубре“ во Крива Паланка

Успешно е реализирана и шестата еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“,  која овој пат се спроведе во два реона.

Првиот реон каде се собираше отпадот беа населбите Илинден и Житни. Во чистењето на овој акциски реон зедоа учество над педесетина учесници  од ООУ „Илинден“, од детската градинка „Детелинка“, Здружение на пеензионери, од СОУ „Ѓорче Петров“, Локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“ и одреден број граѓани од овие две населби. Во овој реон се собираше отпадот во околината  на училиштето „Илинден“, дворното место на социјалната зграда, околината на спомен костурницата и скалите за населбата „Бегови бавчи“, дворно место на колективна стамбена зграда на Житни,  кај трафостаницата и покрај сите улици во овие населби. Се исчисти и големата долгогодишна депонија на крајот на улица „Осоговска“ . Вкупно соберен отпад во овие две населби е околу 10 м3 на разновиден отпад.

Вториот реон каде вонредно се собираше и чистеше отпадот беше шумата над населбата „Лозаново“. Во чистењето на оваа локација исто така зедоа учество над педесетина учесници кои собраа над 20 м3 на разновиден отпад. На оваа локација покрај вработените на ЈП „Комуналец“ и Општината Крива Паланка зедоа учество претставници на пензионерското здружение од Крива Паланка, како и двете волонтерски здруженија и тоа движењето „Не биди ѓубре “ од Скопје предводено од актерката Ирена Ристиќ  и здружението „Осоговски акцијаши “ од Крива Паланка.

По чистењето на овие локации се поставија и табли за забрането фрлање на отпад.

Бесплатен телефонски број  за пријавување на недозволено фрлање, одлагање и оставање на отпад е:
078  30 30 60.

Големина на фонт
Контраст