Нови рачни мевови за вода за кривопaланечките пожарникари

Противпожарната единица од Крива Паланка  денес изврши набавка на нови рачни мевови за вода-напртњачи. Овие рачни мевови се користат за полесно ганење на пожарите на отворено, шумски и полски пожари на непристапни локации за противпожарните возила.

Набавката на оваа противпожарна опрема е извршена согласно тековните потреби на ТППЕ Крива Паланка и во пресрет на летниот периот, а со цел поефикасно и навремено совладување на огнените стихии, кои во претходниот месец го зафатија и кривопланаечкиот регион, а како резултата на палењето на стрништа од несовесните граѓани.

 

Големина на фонт
Контраст