Градоначалникот Мицевски оствари работна средба со претставник на противпожарнa служба од Велика Британија- FIRE AID

Денес  градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Mицевски оствaри работна средба со преставник на противпожарнa служба од Велика Британија – FIRE AID International, г. Симон Роули.  

На средбата се разговараше за унапредување на соработката  на општина Крива Паланка и ТППЕ од Крива Паланка со високообученaта противпожарнa служба од Велика Британија- FIRE AID, а во насока на пружање помош во процесот на доопремување на професионалната противпожарна единица од Крива Паланка.

Со претставникот на FIRE AID, и во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, Операција Флоријан од Англија и ТППЕ од Крива Паланка, беа договрени идни чекори за можна набавака, односно донација на теренски возила на погон на 4 тркала, за потребите на ТППЕ од Крива Паланка, кои според конфигурацијата на кривопланечкиот регион, одговараат на реалните потреби.

FIRE AID е чадор организација на високо обучени противпожарни служби и добротворни британски организации, која меѓу другото испорачува и  хуманитарна помош за службите за итни случаи на глобално ниво како и оддржливи донации на опрема за спасување и опоравување, заедно со обука и експертиза во повеќе од 40 земји во светот.