Министерот Сугарески и директорот на ЈПДП, Китанов во обиколка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Денес, градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и  директор на Јавното претпријатие за државни патишта -ЈПДП, Зоран Китанов беа во обиколка на градежните активности за изградбата на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, инвестиција во висина од приближно 58 милиони евра.

Градоначалникот Мицевски пред присутните изјави дека ваква инвестиција во општина Крива Паланка немало од нејзиното осамостојување до денес.

-Не се случило да се влеат толку финасиски средства во капитални инвестиции во сферата на инфраструктурата  од  ’91 година, рече градоначалникот Мицевски.

Во оваа прилика градоначалникот ги наброја инвестициите во кривопаланечкиот регион  и тоа,  изградба на втората делница од железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка во висина од 150 милиони евра, изградба на експресениот пат Ранковце – Крива Паланка од околу  56 милиони евра, изградба и рехабилитација на третата лента кон Деве Баир во висина од 13 милиони евра, рехабилитацијата на постоечкиот патен паравец од Ранковце кон Крива Паланка во висина од 10 милиони евра, и она што го правиме во регионот Куманово-Страцин, околу 300 илјади евра, како и активностите кои се завршени во делот на регионалните патни правци кон с. Огут и с. Луке, ова се градежните активности со кои  Крива Паланка и околината приближно ќе добијат инвестиции од над 230 милиони евра.

Градоначалникот Мицевски се заблагодари од лично име, но и од името на граѓаните на Крива Паланка и сите оние коишто живеат во регион, до ресорнит  министер, но и до Владата која што искрено вложува огромни напори за подобрување на инфраструктурата во регионот, зошто сите овие активности и инвестиции имаат огромен позитивен импакт врз социо-економскиот развој и состојбите во општината  и околината.

Во рамки на посетата министерот Сугарески изјави:

-Инфрастуктурата е највисок приоритет на Владата и затоа ние денес сме тука заедно со директор на ЈП за државни патишта, на увид на градежните активности, кои се вршат на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, кој што е еден од четирите експресни патишта кои тековно се градат во нашата држава и за нас како Министерство и генерално како Влада, како и за другите најповикани институции во делот на изградбата на патишта, е многу битно, дека во овој регион се вложуаваат големи средства во делот на изградбата на патната и железничката инфраструктура.

Денеска, надлежните тука, не информираа дека динамиката на изведба оваа година сериозно ќе биде зголемена, бидејќи сега се надминати и решени сите пречки и проблеми кои во изминатиот период се јавуваа.

Во оваа прилика сакам да најавам, дека се интензивира изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, а обезбедени се и средства за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, така да очекуваме до крајот на годината да отпочнеме со изградба и на втората делница, а за третата делница се обезбедуваат средства од Министерството за финаси, и а тоа е за делницта од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, така да тука се случуваат бројни реконструкции на регионални патишта, експресниот пат и очекуваме дека во голема мера ќе бидат решени проблемите на голем број граѓани кои што живеат во овие краеви, во овој регион. Јас сум оптимист за сето она што го имаме зацртано како план за оваа година и за наредната, во целост ќе биде реализирано, изјави министерот Горан Сугарески.

Имавме сериозни проблеми во делот на експропријацијата, со што целосната инвестиција беше доведена во прашање, но со натпросечни сили и во заедничка интензивна соработка на ЈП за државни патишта, Министерството за транспорт и врски, со локалните сампуправи, со стручни правни тимови од сферата на експропријацијата и другите институции, како што се катастарот,  одделенијата за имотно- правни односи и други, успеавме да го завршиме тој процес и сега не постојат никакви препреки од делот на експропријација и археологија и изведувачот може со максимален напор  и забрзано темпо, непречено да работи во доизградбата на оваа делница, рече директорот на ЈПДП Зоран Китанов.

Во рамки на оваа посета и обиколка на градежните активности во Крива Паланка, беше напоменато дека во наредниот период преостануваат сериозни работи на министерството и ЈП за државни патишта и беше најавен и планот за рехабилитација и реконструкција на регионални патишта низ Македонија во должина од 600 километри со кој ќе бидат опфатени комплетно цели региони и дека нема да има пат кој што нема да биде рехабилитиран.