Презентација на инвестициски активности за производство и заштита на животната средина, на менаџерскиот тим на рудник „Тораница“

Денес во општинската сала за состаноци во Крива Паланка, компанијата Булмак 2016 ДООЕЛ  Пробиштип-Подружница рудник „Тораница“ Крива Паланка, оддржа презентација за инвестициони програми за развој на производството и заштита на животната средина.

Од страна на стручните лица од  рудник „Тораница“, беа  презентирани две големи програми, каде конкретно е опфатен менаџментот на водите и програмата со сите проекти врзани со хидројаловиште и централно одлагалиште за рудничка јаловина, како и планираните инвестициските активности на менаџерскиот тим, а кои се во насока на зачувување на здравата животна средина и исполнувањето на законските регулативи од оваа област, а во насока на навремено решавање на наследените проблеми.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски се заблагодари за проактивниот однос и иницијативата за навремно информирање од страна на менаџерскиот тим на рудник „Тораница“ и во оваа прилика изјави:

-Општина Крива Паланка ќе продолжи да  работи на унапредувањето и развивањето на меѓусебните  партнерските односи  со „Тораница“ и ќе настојуваме да изнаоѓаме  заеднички најприфатливи решенија и мерки за зачувување на животната средина од една страна и континуиран производствен процес од  друга страна, а се во насока на задоволување на заедничките интереси и  на оддржување и унапредување на бизнис климата на локално ниво.

Соработка ќе ја подигнеме на највисоко ниво и во еден партнерски однос и заедничка координација со стручните служби од Општина и надлежните лица од „Тораница“, стратешки ќе донесуваме одлуки што ќе бидат од заеднички интерес и на општината и на менаџерскиот тим од  „Тораница“.