Во Крива Паланка се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“, финансиран со средства од ЕУ

На барање на Владата, Европската унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“. Преку реализацијата на овој проект, финансирана со средствата од Европската унија, ќе бидат поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекта со што ќе се допринесе за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку користење на алтернативни извори за производство на енергија и заштита на животната средина.

Со средствата од Европската унија во општина  Крива Паланка, финансирано е поставување на фотоволтаични системи на  СОУ  Ѓорче Петров, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски кaде веќе е отпочнато со  монтажа на фотоволтаичниот систем.

 

Големина на фонт
Контраст