Положено цвеќе пред спомен бистата на Христијан Тодоровски Карпош во Крива Паланка

По повод  7 февруари, денот кога загинал народниот херој  Христијан Тодоровски – Карпош, денеска пред неговата спомен биста во Крива Паланка, цвеќе положија делегацијата на здружението на борците од НОБ, делегација од Oпштина Крива Паланка, како и други  граѓани почитувачи на ликот и делото на македонскиот херој.

Присутните со едноминутно молчење му оддадоа почит и се поклонија пред спомен бистата на херојот кој се бореше за слободата на Македонија.

Христијан Тодоровски-Карпош е роден 1921 година во Куманово, а бил убиен на денешен ден, 1944 година од страна на бугарскиот окупатор за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште кај селото Билјача, Прешевско.

 

Големина на фонт
Контраст