Празнично дружење на пензионерите од општина Крива Паланка

Денеска 14.01.2019 год. во просториите на пензионерскиот клуб, се оддржа празнична средба на пензионерите од општина Крива Паланка. Овој настан е во заедничка организација на Здружението на старосни пензионери и Здружанието на трудови инвалиди, кои традиционално се среќаваат и се дружат по повод новогодишните празници.

На настанот присувствуваше и градоначалникот Борјанчо Мицевски со претставници на локалната самоуправа. Во оваа пригода, Мицевски се заблагодари за досегашната успешна соработка и посочи дека Општината  ќе продолжи во таа насока.

Подобрувањето и унапрдувањето на животот и правата на пензионерите се политики, како на  локалната самоуправа, така и на Владата на Р. Македонија и во таа насока превземаме и конкретни чекори и мерки, а една од новите владините мерки е бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски примања, односно со примања  под 14.000 денари, рече градоначалникот  Мицевски.

Мицевски, им посака многу здравје, среќа и успешна 2019 година на сите присутни и посака сите заеднички да продолжиме да работиме за поубава и просперитетна Крива Паланка.