Општина Крива Паланка додели награди за најуспешниот пожарникар и полициски службеник во 2018 година

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со претседателката на Советот, Изабела Павловска  и оваа година доделија награди на најуспешниот пожарникар и полициски службеник во општина Крива Паланка за минатата година.

Наградата за најуспешен пожарникар од кривопланечката  територијална противпожарна единица  ја доби Сашо Јакимовски, а наградата за најдобар полицаец за 2018 година ја доби Сашко Станковски.

-Општината продолжува и оваа година да ги наградува поединците од службите кои го носат најголемиот терет во справувањето на интервентни, брзи и хумани акции и ситуации. Знаеме дека ниедна награда или признание неможе во целост  да го валоризира и награди вложениот труд и професионално залагање во извршување на вашите работни задачи, но сепак со цел да го подигнеме нивото на почитување на вашите резултати од страна на локалната заедница и да ги поттикнеме сите други службеници и колективот  и да им дадеме стимул за што поефикасно и ефективно извршување на работните обврски, ја воведовме оваа активност за препознавање и наградување на најуспешните слижбеници од овие служби, изјави градоначалникот Мицевски.

Најдобриот полицаец и пожарникар добија плакета од општина Крива Паланка, благодарница и пригоден подарок.

Големина на фонт
Контраст