Асфалтирање на крак од улицата „Херој Карпош“

Во текот на денешниот ден се започна со асфалтирање на крак од улицата ,,Херој Карпош“ на потегот од Шанин мост до местото наречено Пенди вир.

Овие градежни работи се во рамките на редовните активности за тековно оддржување  на улици и патишта, а по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2018 година.

Со изведбата на градежните активности што редовно се извршуваат, Општина Крива Паланка продолжува со остварување на превземените обврски за овозможување на подобар и поквалитетен урбан живот за локалната заедница.