Акција за мапирање и чистење на дивите депонии на Калин Камен на извидничкиот одред Наум Наумовски Борче

Извиднички одред Наум Наумовски Борче од Крива Паланка на ден 12, 13 и 14 октомври 2018 година на локалитетот Калин Камен, ја спроведе четвртата активност од проектот ,,Младински платформи за оддржлива заштита на природата“ кој  финансиски е поддржан од буџетот на општина Крива Паланка.

Главна цел на оваа теренска активност е делумно отстранување на веќе мапираните  диви депонии и поставување на садови за отпадоци во околината на туристичкиот локалитет Калин Камен. Во реализација на активноста учествуваа триесетина млади луѓе при што беа  собрани сто вреќи ѓубре и се поставени десет садови за отпадоци. Исто така пред присутните беа презентирани и убавините на туристичкиот локалитет Калин Камен  и Осоговските Планини.