Интензивни градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура

Во изминатиов период од втората половина од месец септември, Општина Крива Паланка имаше интензивни градежни активности за подобрување на постоечката инфраструктура на територијата на општината. Реализирани се повеќе градежни активности  од областа на патната инфраструктура, изградба на спортски игралишта, асфалтирање на школски дворови, изградба на потпорни стени и слично.

Извршено е комплетно санирање и проширување на патот кон с. Мартиница во должина од 4 километри и делумно санирање и проширување на патишта во атарот на  с. Конопница во должина од 3 километри.

Интензивно се работи и е при крај работата на потпорниот ѕид кај свлечиштето во месноста „Дурачка Река“, кој е изграден со габиони од плочест камен заради подобра статичка композитност на градбата, подобра носивост и подобар изглед.

Изградени се две потпорни стени покрај пешачката патека „Вискока  зона –лев брег“, а истовремено продолжуваат активностите за изградба и уредување на пешачката патека.

Се работи на пешачка патека на улица „Македонска“ со изградба на потпорни стени во должина од над 30 метри и висина од 3-6 метри.

Асфалтирани се  околу 700 м2 во школскиот двор на  ООУ „Илинден“, околу 450 м2 двор во детска градинка „Детелинка “, а  асфалтирано е и спортско игралиште со површина од 80 м2 во месноста „Дурачка Река“ кај Маневски Мост.

Општината зависно од временските услови ќе продолжи со градежните активности со цел  подобрување на условите за живот на целокупната територија на општината.

 

 

Големина на фонт
Контраст