Потпишан договор за изградба на пешачка патека –локалитет висока зона лев брег

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски беше потпишан Договорот за изведување градежни работи за изградба на пешачката патека –локалитет висока зона лев брег.

Договорот го потпишаа градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и изведувачот на градежните работи компанијата „Белешков инжињеринг ДООЕЛ“  од Крива Паланка.

Изградбата на пашачката патека е активност во рамките на проектот „Туризам без граници“, а средствата за реализација на овој проект се обезбедени од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка, a дел се сопствено учество на општината.

Патеката ја опфаќа трасата на таканаречената ,,Стара вада“, која се протега на периферијата од урбаниот дел на високата зона-левиот брег од градот, а нејзината должина е 868.88 м.  Со изградабата на оваа патека, предвидени се и два видиковци и поставување на урбана опрема. Рокот за изградба е 4 месеци, а вкупната вредност на инвестицијата е 5.172.954 денари.