Потпишан договорот за започнување на изградба на водовод во село Луке

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска во Министерството за животна средина и просторно планирање го потпиша договорот за започнување на изградба на водовод во село Луке.

Средствата во висина од 1.500.000 денари се обезбедени според  Програмата за управување со водите за 2018 година на Министерството за животна средина и просторно планирање, а се наменети  за изградба на дел од примарната мрежа за водоснабдување на населбите Просарци, Камењарци и Мачорци во село Луке.