Кривопаланчани одиграа симултан шаховски натпревар со велемајсторот  Роландо Кутиров

На иницијатива на Oпштина Крива Паланка и градоначалникот Борјанчо Мицевски, во исклучително интересен и топол амбиент, кривопаланечките љубители на шаховската игра денес имаа задоволство и несекојдневна можност да разменат потези, мислења и искуства со еден од најдобрите македонски шахисти, актуелен селектор на шаховската репрезентација на Македонија, велемајсторот Кутиров.

-Овој несекојдневен спортски настан произлезе од идејата да се возобнови запоставената шаховска традиција на кривопланчани и најмладите да се заинтереситираат за вештините во шаховската игра. Имаме план, шаховската игра да ја популаризираме и  унапредиме и од идната година да организираме 12  шаховски викенд  турнири на годишно ниво низ целата држава. Еден од тие викенд турнири би се оддржувал и во Крива Паланка и на крајот сите најдобри финалисти од овие викенд турнири би настапиле на финален викенд турнир во Скопје или некој друг град, изјави градоначалникот Мицевски во своето поздравно обраќање пред пријавените играчи и гледачите на шаховската симултанка.

Најмлад учесник на натпреварот беше 11- годишниот Ѓорѓи Цветковски, а највозрасниот натпреварувач со 83 годишна возраст е Ефто Ангеловски.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, на сите натрпреварувачи им врачи благодарници за учество во симултаниот натпревар, а на велемејасторот Кутуров му подари плакета со грбот на Општина Крива Паланка и изрази големо задоволство и благодарност до него и  сите присутни, кои ја поддржаа идејата  за возобновување на шахот во Крива Паланка.

-Ме радува дека општина  Крива Паланка е организатор на овој симултан натпревар, бидејќи шахот е основа на менталната снага и долгорочната концентрација, а тоа ни е потребно на сите нас пред предизвиците на ова модерно време. Се надевам дека и во иднина ќе имаме вакви средби каде и младите кривопаланчани уште подобро ќе играат шах, а ние возрасните ќе им се восхитуваме, изјави на крајот од натпреварот, велемајсторот Кутиров.

Големина на фонт
Контраст