Општина Крива Паланка започна со активностите во процесот на родово одговорно буџетирање

Во општина Крива Паланка, денес  се оддржа  работлница  за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост, која е во рамките на регионалниот проект за промоција на родово одговорно буџетирање.

Овој проект има за цел зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на Советот на oпштина Крива Паланка за креирање родово одговорно буџетирање и унапредување на родовата еднаквост.

Проектот се одвива  во соработка и координација со  канцеларијата на UN Women од Скопје застапувана од менторката за родово одговорно буџетирање, Кристина Хаџи Василева и координаторката за еднакви можности на жените и мажите од Општината, Лидија Митовска.

Тема на денешната работилница беше родовата еднаковост и носењето на одговорни политики, на која се дискутираше за родовиот  идентитет,  родовите  улоги, за родова социјализација, родови стереотипи, родова рамноправност и родова интеграција, како и за принципот на недискриминација, кој е камен темелник за промоција на родовата рамноправност.

Родово одговорното буџетирање претставува  процес  низ кој треба да создадеме еднакво општество, во кое ги распределуваме финансиските средства на поправеден начин, тоа е алатка што треба да се спроведе во практиката и да стане реалност во нашите локални заедници и во државата.