Средба на градоначалникот Мицевски со претставници на Здружението „Херои на Македонија“

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска имаше средба со претставници на Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“, кои ги положија своите животи пред  олтарот на татковината, за време на конфликтот во 2001 година.

На средбата присуствуваа и претставници од Владата на Р.Македонија, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и претставници од Министерството за локална самоуправа.

Од страна на претставниците на Здужението на семејствата на загинатите припадници на  безбедносните сили на Македонија, беа изнесени проблемите и барањата кои тие ги нотирале во изминатиот период.

Градоначалникот Мицевски ја поздрави иницијативата за оваа средба и во насока на решавање на нивните тековни проблеми и барања, тој ги престави активностите и иницијативите кои локалната самоурава ги раелизирала или е во фаза на реализирање. Како пример за една таква акција е и иницијативата за преименување на спортската сала во ,,Бранител2001’’, како и поведената постапка за поставување спомен обележје на друга локација и постапка за именување на улица.

Локалната самоуправа во заедничка соработка со Здружението ќе продолжи и во иднина да пружа помош и поддршка, и достојно да го чува и негува споменот на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија.