Градоначалникот Мицевски оствaри работна средба со министеркaта задолжена за странски инвестиции и со претставници од Фондот за иновации и технолошки развој

По иницијатива на градоначалникот Борјанчо Мицевски денес беше реализирана работна средба со министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставници од кабинетот на министерството, како и  претставник од Фондот за иновации и технолошки развој, Ирена Ѓорѓиевска.

На средбата се разговараше за зајкнување на линкот помеѓу бизнис секоторот, локалните и централните власти и креирање на капацитети за искористување на потенцијални финансиски средства од различни извори и ИПА фондови.

Градоначалникот Мицевски особено се осврна на потребата за приближување на информациите  за значењето и улогата на Фондот за иновации и технолошки развој, како една од институциите кои директно се поврзани со пристапот до финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој и промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Македонија.  Во таа насока претставникот од  Фондот за иновации и технолошки развој,Ирена Ѓорѓиевска ги даде првичните информации за доменот на работата на овој Фонд, а на средбата со локалната бизис заедница, која се подоцна се одржа, ги претстави и конкретните активности и мерки кои се во фокусот на работењето на фондот.

На средбата беше кажано, дека во моментов е активен Јавен повик за финасирање на предлог проекти за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија, кој е објавен на официјалната веб страна Фондот за иновации и технолошки развој.

Директен линк до Јавниот повик:   http://www.fitr.mk/stolb3/

Исто така во текот на денешниот ден, заинтересираните локални компании имаа можност конкретно да ја проследат презентацијата на владините мерки за финасиска поддршка на инвестиции и да се запознаат со можностите за користење на овие мерки, предусловите за аплицирање за финасиска помош, како и инструментите за поддршка.