Започна санацијата на оштетените делови од улиците во градот

Општина Крива Паланка  во рамките на Програмата за тековно одржување на локални улици и патишта  за 2018 година започна со градежни активности за санација на оштетените делови од улиците во градот.

Во програмата се опфатени голем број на улици во градското подрачје согласно предвидената  временска  динамика на извршување на градежни активности на територијата на Општина Крива Паланка.Започнати се градежни активности  за  замена на оштетени  асфалтни површини  на улиците Херој Карпош и Ратко Минев. Паралелно ќе започне и спремање – сечење на оштетен асфалт и на други улици  во градот, а асфалтирањето ќе се врши согласно временските услови.