Обука за негователи на стари лица во рамки на Програмата за општинско-корисна работа

Во текот на вчерашниот ден започна обуката за  негователи на стари лица во рамки на  Програмата за општинско-корисна работа.  На обуката ќе учествуваат лицата кои беа ангажирани во проектот „Грижа за стари лица“ во Програмата за општинско корисна работа за 2017  година која ја реализираше Општина Крива Паланка.

Обуката која ја спроведува Поли Проект од Штип ќе трае три месеци,  а учесниците ќе се стекнат со меѓународен сертификат за негователи на стари лица  кој ќе им користи при вработување или во некој следен циклус од Програмата за општинско корисна работа.  Предавач е  медицинско лице,  д-р Мартин Младеновски.  

Големина на фонт
Контраст