Лицата од Дневен центар во посета кај градоначалникот Мицевски

По повод најголемиот христијански празник,  Христовото воскресение-Велигден,  дел од лицата со посебни потреби од Дневниот центар, беа во посета кај градоначалникот Борјанчо Мицевски.  Во рамки на посетата тие му подарија рачни изработки со велигденски мотиви, кои сами ги изработуваат како дел од активностите на Дневниот центар за лицата со посебни потреби.

Градоначалникот Мицевски им упати честитки за претстојниот празник  и им врачи пригодни подароци.

Големина на фонт
Контраст