Министрите Николовски и Филипче во работна посета на општина Крива Паланка

На покана на градоначалникот  Борјанчо Мицевски, во текот на денешниот ден општина Крива Паланка ја посетија двајца високи владини претставници, министерот за здравство д-р Венко Филипче и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Во рамките на овие два владини ресора за тековната 2018 година предвидени се крупни проекти и за таа цел министрите  денеска се тука и имаат можност да се обратат до локалното население и преку медиумите  да ги изнесат приоритетите во однос на натамошните чекори во реализација на  проектите, кои воедно се од голем интерес за граѓаните на општина Крива Паланка, изјави Мицевски.

Во своите обраќања пред медиумите министрите ги изнесоа конкретните мерки и активности кои тековно се одвиваат во ресорните министерства, ги најавија и претстојните и приоритетни проекти и одговарајќи на новинарски прашања ги потенцираа  и настојувањата на Владата за што поблиска и посуштесвена соработка со локалните заедници, а се со цел брза и ефикасна реализација на поставените задачи и цели, како и градење на соработка на сите нивоа и квалитативна анализа на актуелните состојби и идните потреби на локалното население.

Во оваа пригода министрите дадоа свои изјави пред медиумите и одговараа на новинарски прашања.

Во рамки на работната посета министрите беа во обиколка на ЈЗУ Здравствен дом „Академик проф. д-р Димитар Арсов“, како и во Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во општина Крива Паланка.