Работна средба на градоначалникот Мицевски со претставници на Сојузот на воени инвалиди на Р. Македонија

Во рамки на планираните активности градоначалникот на општина Крива Паланка  денеска оствари работна средба со претставници  на Сојузот на воени инвалиди на Р. Македонија  во школото во село Трново адаптирано како воздушна бања и одморалиште за потребите на Сојузот, но и за разни други категории и потреби на граѓани, а кое е предходно дадено на користење на Сојузот од страна на Општина Крива Паланка

На работната средба претставниците на Сојузот го запознаа градоначалникот со степенот и интензитетот на адаптирањето на објектот, нивните планови и потреби. Исто така на средбата беа посочени можностите за заедничка соработка и подршка на разни активности како од интерес на Сојузот на воени инвалиди така и од интерес на заедницата пред се за населението од овој рурален крај. На средбата посебно беше потенциран проблемот со патот кој го поврзува центарот на селото,  а кој поминува покрај црквата, одморалиштето  и селската продавница и потребата од завршување на патот.

Од страна на градоначалникот беше изречена пофалба за досега изграденото, a беа посочени и неколку насоки за соработка и промоција на просторот, потребата од градење на доверба со месното население и бизнис секторот од заедницата за остварување на  цели од заеднички интерес,  а пред се, развој, промовирање и одржливост на овој рурален крај за кој постојат идеални услови, историја и традиција.

Градоначалникот истакна дека на изминатата седница на Советот на општината е донесена Програмата за локалната патна мрежа за 2018 година во која  еден од приоритетните локални патишта е токму  овој пат во с.Трново. Од страна на Општината е изготвена целокупната техничка документација и тоа како кружно спојување во должина од 1300 метри кое ќе ги поврзува црквата со конакот, одморалиштето и постоечката селска продавница, поврзувајќи се со постоечкиот асфалтен пат.