Општина Kрива Паланка прва потпиша декларација за транспаренност

Денес, во просториите на ЛУ Градски музеј, градоначалникот Борјанчо Мицевски потпиша Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност со Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис.

Општина Крива Паланка е прва општина која доброволно потпишува ваков вид на документ. При потпишувањето градоначалникот  Мицевски истакна дека на оваа иницијатива  не се гледа како на документ, туку тоа претставува волја за вистинска заложба за транспаретно работење, а во насока на подобрување на резултатите на работењето на локалната самоуправа, подобро промовирање на активностите, како и подобрување на комуникацијата со граѓаните.

– Одиме на доброволно потпишување на декларацијата, и сметаме дека тоа е прв чекор кон изразот на добрата волја, за тоа што се потпишува и понатаму да се спроведе. Општините треба да бидат во служба на граѓаните, транспарентноста да ја темелат на отворени податоци и информации, јасни процедури за партиципативно одлучување, како и на јасни процедури за добивање на јавните услуги, а отчетно да објаснуваат за што ги искористиле јавните пари кои им биле на располагање и во таа насока ние градоначалниците треба да се заложиме за унапредување на транспарентноста и отвореноста на општините и тогаш тие  вистински ќе бидат во служба на граѓаните – изјави Мицевски во своето обраќање.

Според истражувањата кое ги споровела Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во шест земји од регионот, општините во Република Македонија исполнуваат 34% од индексот на отвореност.

Во однос на принципите транспарентност, достапност, интегритет и ефективност, по кои е правено истражувањето, исполнувањето на индикаторите за достапност од страна на општините во Република Македонија е на најниско ниво, односно општините исполнуваат 27% од индикаторите, а кои се однесуваат на обезбедување и почитување на постапките за слободен пристап до информации и зајакнување на интеракцијата со граѓаните.

 

Големина на фонт
Контраст