Прв работен состанок на градоначалникот Борјанчо Мицевски со раководителите на општинската администрација

Во духот на унапредување на конструктивната соработка, денес  градоначалникот Мицевски го одржа првиот работен состанок со раководителите општинската администрација. На состанокот беше разгледана тековната состојба, како и насоките за дефинирање на приоритетите во понатамошните активности.

Администрацијата на Општина Крива Паланка е организирана во осум одделенија и тоа Одделение за правни и општи работи, Одделение за финансиски прашања, Одделение за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, Одделение за изградба и одржување на комунална инфраструктура, Одделение за инспекциски надзор, Одделение за човечки ресурси и  Одделение за внатрешна ревизија.