Успешно реализирана Програмата „Општинско –корисна работа“

Општина Крива Паланка успешно го заврши спроведувањето на проектот    „Грижа за стари, изнемоштени и осамени лица“ произлезен од Програмата, „Општинско-корисна работа“ подржана  од УНДП од Програмата  за развој на ООН, Министерството  за труд и социјална политика на РМ и Агенцијата за вработување на РМ .

Овој проект стартуваше во септември минатата 2016 година и се спроведуваше во следните девет рурални населби и тоа: Мождивњак, Длабочица, Тлминци, Конопница, Станци, Дурачка Река, Узем , Костур и Жедилово.

Во спроведувањето на проектот континуирано беа ангажирани 8 (осум) невработени лица пред се стручни лица, активни баратели на работа кои пројавија  интерес на огласот за спроведување на проектот „Грижа за стари, изнемоштени и осамени лица во домашни услови“. За спроведувањето на проектот вкупно беа ангажирани 10 невработени лица кои спроведуваа  39 видови на активности кај 120 крајни корисници. Иако предвидениот број на крајни корисници според апликацијата беше давање на социјални услуги на 80 лица, во договор со градоначалникот Арсенчо Алексовски, Општинската комисија за спроведување на проектот и ангажираните лица беа прифатени за посета 120 лица од пријавени 250 лица или  речиси 50 % .

Според изјавата на Општинскиот координатор на проектот Бранко Велиновски во определениот период спроведени се 2593 посети во домашни услови при што се пружени 1905 разни видови на услуги или во просек по 317 услуги месечно. Работниот ангажман на ангажираните лица  се состоеше од следниве активности:

-Спроведување на активности за морална и превентивна подршка на стари, изнемоштени и осамени лица во домашни услови;

-Спроведување на соодветна грижа,чувство на сигурност и заштита на постарите и осамени лица;

-Давање на превентивни здравствени, социјални, психолошки, советодавни и домашни услуги.

Вкупниот износ на проектот  изнесуваше 397.600 денари, од кои 297.600  денари  се средства на Организацијата УНДП за плати на ангажираните лица  и 100.000 денари се партиципација на Општината за превоз до руралните населби , набавка на опрема и материјали и дополнителни по 1000  денари  месечно на секое ангажирано лице  како дополнителна мотивација за работниот ангажман  кој се спроведуваше во  есенско-зимски услови.

Проектот логистички и советодавно беше потпомогнат и од Црвениот Крст на РМ –Општинска организација Крива Паланка за  што им посебно благодариме.

На ангажираните лица во проектот и Програмата Градоначалникот на Општината за успешно реализираните активности им подели соодветни потврди кои на наведените лица ќе им послужат како препорака  при нивно аплицирање за одредено вработување.

dscn0155 dscn0148-medium DSCN0192

 dscn0132-mediumdscn0137-mediumimage-0-02-05-098f528e8013225ab50df3474ecac1ba8928adf86d7cc31af9ddb4514440001c-V

 

Големина на фонт
Контраст